Полицијата од Оклахома го уапсила 11 годишното момче поради силовање на неговата родена сестра која има само 6 години. Освен него уапсена е и нивната мајка.
Марија Маркез се наоѓа во притвор бидејќи не го пријавила настанот во полиција, а постои и сомневање дека сето тоа е извршено под нејзин надзор.
Полицијата изјавила пред медиумите дека девојчето во социјалната служба признало дека е силована минатата седмица од страна на нејзиниот постар брат и дека мајка и и рекла дека не смее да каже на никого за тоа.
Сето тоа испливало на површина откако најстарата ќерка дознала за ужасниот злочин. Девојчето во моментов се наоѓа под заштита на полицијата.