Ужасно: Нешто го “јаде“ нашиот универзум!

popara18 јули, 20131min00
5

Неверојатно џиновска структура надвор од видливиот универзум проголтува цели групи галаксии, а астро-физичарите се во шок!

Њу Јорк – Нешто непознато, огромно и моќно го проголтува нашиот универзум! Научниците поседуваат докази дека некоја масивна структура го привлекува и поместува космосот, но признаваат дека немаат појма за што се работи и дека тешко ќе утврдат што е тоа.

Оваа појава кога цели групи галаксии се движат со брзина од 3 милиони километри на час се нарекува “темна струја“. Единственото објаснување засега е дека надвор од универзумот постои нешто огромно што ги привлекува тие галаксии.

Според се што знаеме, тоа нешто мора да е толку големо, поголемо од се што научниците до сега забележале во познатиот за нас универзум.

Според научниците оваа непозната структура е толку голема што го поместува и привлекува и нашиот универзум. Човештвото сеуште нема технологија за да дознае било што за структурите надвор од нашиот универзум, кој има пречник 93 милијарди светлосни години.

Univerzum,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *