„Вака изгледа вистинската жена“

popara21 март, 20131min00
18

Таа ги крши правилата на модната индустрија – Заборавете на ковчестите манекенки, Робин Лоули тврди дека вака треба да изгледа вистинската жена…

Преубавата австралијанка Робин (24) веќе со години успешно рекламира колекции за полнички жени, односно за припадничките на понежниот пол кои не се градени во согласнаст со правилата на модната индустрија.

Според неа нема потреба од „фотошопирање“ на маните – секаде каде што Робин има „вишок“ тоа и ќе го видите на готовите фотографии. Според неа не треба да тежнееме кон совршенство туку да се гордееме со тоа што сме, бидејќи вистинските луѓе знаат да ги ценат вистинските квалитети, а за оние другите зарем вреди да легнеме под нож или да направиме било што друго?

Таа е инспирација за сите девојки и жени кои одбиваат слепо да ги следат модните трендови и анорексијата што владее на модните писти. Робин основала и блог за готвење каде со фановите споделуваат рецепти.

Фактот што таа се гордее со својот изглед и се прифаќа онаква каква што е и донесоа многу насловни страни на култните списанија како Вог, Мари Клер, Ел и други.

img

img