Вашата облека, вашиот автомобил, вашиот дом и боите кои таму преовладуваат можат навистина многу да ви покажат за вашиот сексуален живот – клучот е во бојата што најмногу ви се допаѓа.
Црвена – оваа боја симболизира страст, па затоа луѓето што ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот и во физичкиот контакт. Склони се на агресивни настапи кон спротивниот пол, а ако се спојат двајца љубители на црвена боја тоа ќе биде сексуална експлозија што поместува граници. Топ комбинација без конкуренција!
Жолта – ако ја сакате жолтата боја значи дека обично го контролирате сексуалниот нагон и во кревет ја препуштате доминацијата на партнерот. Никогаш не одбивате туѓа иницијатива, но ретко ќе наметнете свои желби и потреби. Најважно за вас е саканиот човек да биде задоволен.
Зелена – овие луѓе се нежни и чувствителни кога станува збор за секс. Жената што ја сака оваа боја ќе води љубов цел живот како да и е прв пат, а мажот ќе биде чувствителен трудејќи се да ги исполни сите желби на партнерката. Двајцата се верни само на еден човек и не можат да замислат сексуална авантура со некој друг.
Сина – љубителите на сината боја го сметаат сексот како еден вид уметност и нивниот пристап е елегантен. Мажот се однесува како пијанист, внимателно го истражува женското тело и ги чувствува нејзините потреби. Жената ужива во предиграта подеднакво како и во сексуалниот чин, дарежлива е и нежна.
Виолетова – ако ја сакате оваа боја, сексот може да ви се види како губење на време. жените што ја сакаат оваа боја пвеќе се грижат за тоа да не им се растури фризурата, отколку да се препушти на уживањето, на партнерот и себе си. Мажите пристапуваат на водењето љубов како кон работна обврска и немаат слух за туѓите желби.
Сива – неодлучни и несигурни љубовници се оние што ќе ја изберат оваа боја. Често им е потребно многу време за да донесат одлука и тешко им е сериозно да се обврзат. Сексот за нив не претставува возбуда туку е задоволување на потребите. Лошо се согласуваат со останатите бои.
Розова – ова е бојата на лужето што флертуваат и што се склони на неверство. Жените што ја сакаат ова боја често ветуваат многу повеќе од она што се спремни да го дадат, а во однос со партнерот се незрели и површни. Мажите што ја сакаат оваа боја се склони на често менување на партнерките и без проблем би влегле во авантура со непозната жена.
Портокалова – овие љубовници уживаат во сексуалните фантазии. Во кревет ќе шепотат и ќе ја палат фантазијата на партнерот. Предиграта и нежните допири после сексот им се важни исто како и самиот чин. Во случај да не се задоволни од односот со особата од спротивниот пол, ќе премолчат, а нема ни да си признаат самите пред себе. Не им е проблем да одглумат оргазам.