Лорин Пауле Џобс, вдовицата на Стиб Џобс, основачот на компанијата “Apple”, кој почина пред две години од рак на панкреасот, пронајде нова љубов и сега е во романтична врска со поранешниот градоначалник на Вашингтон, Едријан Фенти.
Лорин беше во брак со Џобс цели 20 години. Таа со Едријан се запознала на конференција за едукација во 2011-та година, а според неа, тие делат иста пасија кон реформи во училиштата.
Нивното пријателство прерасна во романтична врска кратко време откатко Фенти изјави дека ќе ја напушти својата жена.
Фенти е во брак 15 години, а Лорин, мајка на три деца, доби во наследство имот вреден 10 милијарди долари кога нејзиниот маж почина во Октомври, 2011.
Иако таа е една од најбогатите американки, 49-годишната Лорин продолжи да живее релативно скромен живот и најмногу се бави со хуманитарни акции.