Вечна љубов од вистинскиот живот

popara26 октомври, 20131min00
3

По 46 години брак, еден посветен маж се потрудил неговата жена да ја чувствува неговта љубов дури и по неговата смрт, на начин кој навистина ретко се среќава во вистинскиот живот.

Во писмото кое го испратила до едно списание, 68-годишната Су Џонсон од Хјустон опишала како од својот покоен сопруг доживеала едно неверојатно изненадување за Денот на вљубените.

“Мојот драг сопруг Џон и јас бевме во брак 46 години. За секој ден на вљубените ми го испраќаше најубавото цвеќе со порака која имаше пет едноставни зборови: “ Мојата љубов према тебе расте.” Четири деца, 46 букети и живот исполнет со многу љубов беше наследството кое ми го остави кога почина пред  две години.

На првиот Ден на вљубените кога останав сама, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана откако добив прекрасен букет на мојата адреса… од Џон. Лута и со скршено срце, се јавив во цвеќарата да им кажам дека направиле грешка.

Цвеќарот ми одговори: “ Не, госпоѓо, тоа не е грешка, вашиот сопруг однапред плати за многу години и бараше да гарантираме дека ќе продолжите да добивате букет цвеќиња за секој Ден на вљубените.” Со срцето во грло, ја спуштив слушалката и почнав да ја читам пораката која ја имаше напишано. Пишуваше “ Мојата љубов за тебе е вечна”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag