Газда Језда влезе на Фарма и веднаш дигна прашина обелоденувајќи интригантни детали за својот љубовен живот. Изјави дека бил во врска со Венди и Анчи Дабетиќ, а Вукелиќ веднаш ги демантираше неговите изјави, велејќи дека тој бил лудо вљубен во неа, но таа не го забележувала, бидејќи во тоа време била со Воислав Шешељ.
“Тој трчаше и беше платонски вљубен во мене, но јас не можев да му возвратам, бидејќи бев во врска со Шешељ, а тој ќе го убиеше, само ако се обидеше да ме пипне. Нудеше да ми биде спонзор, но и тоа не помогна…“, вели Венди.
Весна додава дека Јездимир Василевиќ сеуште се пали на неа, и дека и вртел од затвор, а Шешељ бил подготвен да го убие ако ја пипне.