Во почетокот на годината повеќето луѓе си поставуваат некакви цели и решаваат да направат промени во својот живот…
Но сепак, малку се оние кои навистина ги исполнуваат новогодишните ветувања. Едно од најчестите е за одржување на добра фигура. Но, тоа бара упорност и создавање на рутина.
Комбинацијата од склекови и контракција на мускулите на задникот вклучува многу големи мускулни групи и дава подобри резултати. Кога ја избирате својата фитнес програма, избирате комбинирани движења, бидејќи тие се подобри од еднотипните вежби.
Склекови и контракција на мускулите на задникот тонизират три важни области за жените – задникот, трицепси и основните мускули.
Започнете ја вежбата како кога ќе застанете во позиција за склекови. Ставете ги колената на подот, ако не можете да ја носите целата тежина на телото. Започнете да ги исполнувате склековите.
Потоа наизменично движете ги нозете нагоре надолу во серија по 5.
Заменете вежбата за нозете со склекови и така повторете најмалку пет пати за едeн добар тренинг.