Расфрлани како дамки низ палетата на еден авантурист, Бахамите се подготвени за истражување…
Прашајте го Кристофер Колумбо, тој прв налетал на нив уште 1492 година и ја сменил историјата. Но авантурата не завршува тука. Долго скриени од очите на светот, Бахамите денес се една од најпосакуваните дестинации во светот, бидејќи недопрени од човечка рака ќе ви ја понудат исконската убавина на природата – раскошна вегетација, бели песоци и тиркизни води. Уникатната комбинација својствена за ова рајско место е предуслов за одмор од соништата.