
3-месечното бебе е примено во болница во Ченаи, Индија, откако настрадало од изгореници. Изгорениците, според фамилијата, се нанесени од реткиот синдром “Човечко спонтано запалување” (чие постоење сеуште не е докажано).

Бебето за четврти пат настрадало од самозапалување и е донесено во болница за изгореници. Иако докторите ја имаат само верзијата на мајката, тие веруваат дека бебето страда од овој чуден синдром. Тие претпоставуваат дека бебето се запалува од испуштање на гасови низ кожата.
“Бебето е во стабилна состојба, а се третира за изгореници и лузни”, изјави главниот доктор на педијатрија во болницата, Р. Нарајана Бабу.
На интервјуто за “IBN Live”, тој изјави дека бебето ќе биде под опсервација, но ќе биде пуштено по две недели, зависно од неговата состојба.
“Луѓето мислеа дека јас го запалувам намерно,” вели неговата мајка, Раџесвари. Според таткото, тие изгубиле се’, а заедницата ги избегнува.
Докторите велат дека ќе направат тестирања за да видат што се случува за да настане замозапалување и дали воопшто тоа постои.
