Вистината за озогласениот Ханибал Лектор!

popara28 јули, 20131min00
6

Фановите на филмската индустрија сигурно сеуште се сеќаваат на филмовите за озогласениот Ханибал Лектор, докторот со опасни методи за убивање.

Пред филмското платно, неговиот лик живеел во романите на Томас Харис, а 73 годишниот писател ја открил тајната за тоа како настанал најозогласениот убиец во светот. Идејата ја добил во 60-те години, кога престојувал во затвор во Мексико поради извршување на новинарска задача односно да разговара со серискиот убиец  Дјук Симонс. Сосема случајно писателот додека престојувал во затворот разговарал и со докторот Салазар, кој во една прилика му го спасил животот на Дјук. Додека во ординацијата разговарал со него, Салазар почнал да го распрашува писателот за изобличениот изглед на Дјук и начинот по кој ги мачел и убивал своите жртви.

Кога излегол од ординација, писателот од чуварите дознал дека д-р Салазар е всушност убиец осуден на 20 години затвор. “Беше мал човек, со црвена коса и делуваше мошне смирено и елегантно“, вели Томас кој никогаш во меѓувреме во медиумите не зборувал за личноста која го инспирирала да го создаде Ханибал Лектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma