Владимир Путин: Обама, не предизвикувај светски конфликт!

popara13 септември, 20131min00
1

Москва – Без влакна на јазикот!

Рускиот претседател Владимир Путин испратил отворено писмо до САД со наслов “Руска молба за внимание“, кое е објавено во Њујорк Тајмс, а кое ги предупредува САД да не провоцираат конфликти со големи димензии со својата идеја да спроведат воена интервенција во Сирија. Тој нагласува дека таа држава повеќе не е демократија на која се огледува цел свет, туку земја која се потпира исклучиво на употреба на сурова сила додека составува коалиција под слоганот “Или сте со нас, или против нас“.

Алармантно е што военото мешање во внатрешните проблеми на странските држави стана секојдневие за САД. Нападот врз Сирија ќе донесе нови невини жртви и би можело лесно да се прошири надвор од границите на нападнатата земја. Нападот само ќе го зголеми насилството и ќе предизвика нов бран тероризам.

Според неговите зборови Америка залудно нуди демократија како решение бидејќи во Сирија нема борба за демократија, туку вооружен конфликт.

Малку има таму демократија, а од друга страна припадници на Ал Каида и екстремисти од сите бои има повеќе од доволно. Ова е внатрешен конфликт кој потекнува од доставување на странско оружје на опозицијата – истакнал рускиот лидер и додава дека и понатаму е сигурен дека во Сирија исклучиво бунтовниците употребиле хемиско оружје, а не сириските власти. Од друга страна Обединетите нации тврдат дека за хемискиот напад е одговорен Асад.

Napeto... Američki brodovi u Sredozemnom moru čekaju Obaminu naredbu

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag