Во авионите на Саудиска Арабија нема место за патници од Израел!

popara17 јули, 20131min00
5

Авионските компании на Саудиска Арабија со својата политика на работа ги дискриминираат жителите на Израел со тоа што одбиваат да ги примат на своите летови.

Деновиве е објавена веста дека корисниците кои сакаат да букираат лет онлајн, на страната на авиокомпанијата, немаат таква можност бидејќи во менито не постои опција за букирање од страна на патници кои поседуваат израелски пасош.

Кога адвокатот Бил де Бласко се обратил во авиокомпанијата – обидувајќи се да букира карта од аеродромот ЏФК до Мумбаи, Индија – идентификувајќи се како патник со потекло од Израел, му било кажано дека нема да може да лета со нивната компанија.

“Доколку имате израелски пасош, нема да ви биде дозволено да ги користите услугите на  Saudi Airlines“, кратко и јасно бил одговорот на вработениот.

Федералните закони велат дека ни една авиокомпанија не смее да дискриминира во поглед на раса, боја, националност, религија, меѓутоа летовите од САД преку саудиските авиокомпании засега се недостапни за израелците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma