
На граничниот премин од САД кон Канада при претрес на автобусите на Ријана кои се користат за нејзината турнеја била најдена опојна дрога.
Сопрени биле сите 10 автобуси, а после претросот од страна на полицијата со помош на кучиња трагачи било најдено она што го барале. Марихуаната била во еден од членовите од нејзината екипа, но поради количината добил само прекршочна пријава.
Ријана не била присутна во моментот на претресот, но со оглед на тоа што таа веќе неколку пати во минатото поставува фотографии на социјалните мрежи како пуши марихуана, да била присутна веројатно истото ќе и се случело и нејзе.