Јан и Лариса Марфи покажаа што е вистинска љубов. Јан доживеал тешка повреда на мозокот, Лариса го негувала, а се венчале кога почнал да комуницира…
Приказната почнува вака:
Се запознале 2005 година на факултет и се забавувале десет месеци пред да одлучат да се венчаат. Меѓутоа се умешала судбината и Јан во 2006 година доживеал тешка сообраќајна несреќа каде се здобил со тешки повреди на главата.
“Ме држеше тоа што знаев дека ме сака иако не можеше да разговара со мене. Сега кога ќе се сетам…Веројатно изгледавме чудно. Излегувавме, а Јан не можеше ни да разговара, ни да јаде сам“, раскажува Лариса. Како што почнала да му се подобрува состојбата, се појавила надеж за брак, но Лариса чекала да почне да комуницира. Знаела дека пред несреќата Јан купил веренички прстен.
Во меѓувреме на неговиот татко му дијагностицирале рак на мозокот. Тој бил оној кој инсистирал да се земат. На крај, не ја дочекал свадбата…
Отишла со Јан кај судија да бара дозвола за брак бидејќи Јан не можел сам да го стори тоа. “Вие двајца сте пример за вистинска љубов. Верувам дека вашиот брак нема да биде допринос само за вас двајцата, туку и шанса за заедницата да ја погледне вистинската љубов во очи“, им рекол судијата.
Се венчале. Го немале првиот танц, ни пак можеле да застанат пред олтарот…
“Тагата е жител на нашите дваесетти. Целиот свет се забавува во тие години. А ние тогаш гледавме како тлото ни се руши под нозе заедно со белото комбе кое го чукна. Гледаме како нашите пријатели се женат и како се здрави. Гледам како сестра ми и нејзините пријатели танцуваат со нивните дечковци. Гледавме како неговиот татко се бори и умира од рак, но и покрај сето тоа животот продолжува. На крај, се е многу едноставно: Се сакаме!“, објаснува Лариса.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AEBzPi2GbkI