Водопадот Хавасу се наоѓа во величенствениот Голем кањон и е една од најубавите и најфотографирани природни убавини во светот. Водата истекува од варовни карпи кои и придаваат прекрасна сино – зелена нијанса. Формираниот базен од водата што паѓа е јасен, длабок и примамлив. Луѓе од целиот свет доаѓаат тука не само за да уживаат во прекрасниот поглед кон водопадот и пејсажите, туку и да пливаат во една од најчистите води во светот.