За девојките со високи штикли и миничи!

popara18 октомври, 201317min00
18

Ги ставив црните очила и ја префрлив марамата преку раменици. Во чизмите со високи потпетици (во мојот случај се работи за штикли од 8 см) и црвен кармин на усните самоуверено пристапив кон огледалото. Речиси не можев да се препознаам. Поточно, си доволив да бидам една од жените што не сакам да ги гледам.

И нешто подоцна, стоејќи пред огледалото одлучив дека сепак би требала да избришам некој слој пудра, да изберам некој поприкладен кармин за преку ден, и да ги соблечам под итно чизмите на штикла.

Во спротивно имам големи шанси колешките да ме наречат “урбана, фина, дама“.

Ова никако не звучи лошо, но ако ја чуете ироничната насмевка на некои од колешките би знаеле дека се работи за мешавина од модерен обид и костим на акробат од италијански циркуз.

Се прашувам од време на време зошто луѓето навистина ова го прават? Ги разбирам тинејџерките, тие сеуште се бараат себе си и својот стил. Можам да ги разберам и жените што се занимаваат со шоу биз, па нивната професија бара таква упадливост, но ситуацијата во 9 часот наутро на семафор да свиркаат на девојка со штикла 16-ка која едвај се влече, е тоа не можам да го разберам никако!

Уште ми е потешко кога погоре опишаната особа реагира на дофрлувањето на мажите, а која според моето мислење самата го испровоцирала. Шарените пердуви се тука за да го привлечат вниманието на мажјакот, според биологијата. Неумесни се без сомнеж и дофрлувањата, но и ваков начин на облекување во најмала рака е непристоен. Кило шминка зад која го криете вистинскиот тен, пластични усти, пластични цицки, па до кога?

И често мислам како ги помешале должините на миничите и штиклите. Обично првото е 10, а второто 16 см. Повремена замена нема да наштети сигурно.

И на крај решив да си облечам фармерчиња и равни чевли. Може не се во тренд, но со класиката веројатно нема да згрешиме, ни да се обрукаме, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma