“Холивуд е град на кокаинот, но всушност тревата е многу подобра. Како и екстазите. Тоа се наркотици што ти носат среќа и те социјализираат. Те тераат да бидеш надвор меѓу пријателите, да комуницираш. Да излезеш надвор, а не да се криеш во тоалетот.“
Тоа го сподели бившата Хана Монтана без оглед на тоа што поголемиот дел од нејзините фанови се малолетни тинејџери и дополнува: “Навистина кокаинот не ми се допаѓа, делува толку ужасно и мрачно!“
Очигледно за своите 20 години Мајли веќе станала или барем се обидува да звучи како експерт во областа на психоактивните супстанции. Без да помисли дека еден навистина зрел човек никогаш нема јавно да раскажува за своите наркотични подвизи. Особено кога знае дека 90% од неговата публика се состои од деца.