Автомобилот е дизајниран така за да може самостојно да маневрира низ градските улици и да ги избегнува препреките и пешаците благодарение на GPS и ласерските сензори и сосема безбедно да стигнете до посакуваната дестинација со брзина од 6км/ч.
Од вас се бара само да ја изберете дестинацијата на мапата, а останатото да го препуштите на автомобилот. Тежок е 200 кг и го движи литиум – јонска батерија, а ако е потребно патникот може да ја превземе контролата над возилото со помош на џојстик кој се наоѓа во кабината.