
Сопственикот на најмалиот паб во Англија забранил влез за дебели особи во ударните термини во текот на денот поради тоа што зафаќаат премногу место.
Џек Бартон, сопственикот на Nutshell со димензии 4,5 на 2 метра запишан во Гинисовата книга, му забранил на Адам Таркет да доаѓа во локалот во ударните термини бидејќи зафаќал премногу место.
Адам е нежен џин но кога има гужва зафаќа толку место поради што морам да одбијам четворица гости кои имаат нормална тежина – изјавил Бартон.
Таркет кој мора странично да влегува во пабот, вели дека го разбира ова ограничување.
