Потребни состојки:
- 800гр филети лосос
- крупно мелен бибер
- сол
- масло
- 3 домати
- главица кромид
- ореви
Начин на подготовка:
Во филе риба додадете сол и крупно мелен бибер, прелијте со масло и ставете да стои налмалку половина час. Потоа рибата пропржете ја на загреано масло. Излупете ги доматите, исчистете ги од семки и исецкајте на коцки. Исецкајте го и кромидот на коцки. Филетите послужете ги на домати и кромид, а со дел од кромидот и со оревите посипете ја рибата одозгора.