Запалила ремек-дела на Пикасо, Моне и Матис! Над 100 милиони евра завршиле во оган?

popara18 јули, 20131min00
15

Полициската истрага спроведена во Романија стигнала до шокантни докази – Биле пронајдени остатоци од платно и боја во печката на мајката на еден од осомничените за кражбата на врвни ремек-дела од галерија во Холандија минатата година.

Нејзиното име е Олга Догару и признала минатата недела дека ги запалила сликите со цел да ги уништи доказите против својот син.

Помеѓу украдените слики од музејот во Ротердам имало дела на Пикасо, Моне и Матис.

Од остатоците на боја и платно форензичарите го утврдиле потеклото на истите. Догару наводно сликите претходно ги закопала во гроб, но кога полицијата почнала да го пребарува селото, ги откопала и ги запалила.

Шест особи од Романија се осомничини за минатогодишната кражба на скапоцени уметнички дела, а судењето ќе почне во август.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *