
Селекторот на српската репрезентација Синиша Михајловиќ и Сораја Вучелиќ се во страсна љубовна романса од 30-ти мај. Се запознале на еден од сплавовите по иницијатива на Синиша. Потврда за оваа информација се пораките помеѓу бившата учесничка во Големиот брат и селекторот на српската фудбалска репрезентација, кои некако се нашле во рацете на медиумите, откако Сораја пред неколку дена го изгуби својот мобилен телефон.
Михајловиќ судејќи по пораките, ги броел деновите до нивната повторна средба, додека бил во Италија со тимот, а таа кога тој бил надвор од Србија го известувала за секој свој чекор. Цело време се обидувале неговата сопруга Аријана со која има 5 деца да не дознае за врската, па се договарале кога можат да се слушнат. Сораја поради Синиша Михајловиќ го оставила бизнисменот од Хрватска, со кој беше 2 години во врска.
