Секој маж сака поглед на добро пополнето деколте. Но она што го го краси деколтето на американката Челси Чармс(37) тешко дека одговара на вашите очи. Таа тврди дека нејзините гради не престануваат да растат и дека секој месец се поголеми за 2,5 сантиметри. Двете дојки тежат приближно 24 килограми. Тоа е половина од нејзината вкупна тежина, бидејќи дамата со најбујното деколте е висока 157 сантиметри, а тежи околу 50 килограми.
Челси ја нарекуваат „кралица на градите“, а таа работи како стриптизерка. Таа има вградено инпланти кои се забранети во САД, а содржат пролипропилен и немаат воопшто силикон. Тоа предизвикува нејзините гради постојано да растат, а секоја града содржи по 12 литри течност. Челси честопати оди на лекар за да и ја отстранат течноста која се насобира во градите.
-Не сакав да имам најголеми гради на светот, тие така одлучија. Честопати ме прашуваат зошто не ги намалам, но не сакам ни тоа да го направам. Не се срамам од нив, со нив заработувам за живеење, вели таа.
Челси досега има направено три операции, а големината на нејзините гради е164ХХХ.