Заваровалница Триглав главен спонзор и официјална осигурителна компанија на EuroBasket 2013

popara12 јули, 20131min00
trig

Заваровалница Триглав е трет главен спонзор на EuroBasket 2013 и севкупно 12-ти спонзор на натпреварувањето, кое започнува за само 55 дена. Со слоганот „Безброј навивачи, една осигурителна компанија ги повикуваме приврзаниците на кошарката од сите земји каде делува Групацијата Триглав.

 Оваа година на EuroBasket присуствуваат сите држави во кои делува Групацијата Триглав. За да може што поефикасно да ја искористи оваа прилика, Заваровалница Триглав изгради целосна комуникациска кампања под заедничкиот слоган „Безброј навивачи, една осигурителна компанија“. Со тоа сакаме да се искористи потенцијалот на бројните љубители на спортот во регионот кои натпреварите ќе ги гледаат во живо или преку малите екрани, и да ги поканиме заедно да ја изградиме навивачката приказна на Триглав преку активностите на интернет страниците, на самите натпревари, во секоја од компаниите на Групацијата Триглав и во навивачките зони. Сигурно во септември ќе има многу бодрење под стреата на Триглав. Вистина е дека бодрењето ќе биде за различни екипи, но за истата топка, која навивачите на репрезентациите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Чешка ќе сакаат што повеќепати да ја видат во кошот на спротивните екипи.

 Станислав Вртунски, член на Управа на Заваровалница Триглав:

„Заваровалница Триглав е одамна поврзана со врвните спортови, вклучувајќи ја и кошарката. Спонзорската подршка им ја наменуваме на спортистите и развојот на спортот, како на локално, така и на национално ниво, како во матичното друштво, така и во сите наши компании-ќерки во регионот. Со вклучувањето во EuroBasket 2013 имаме одлична можност во еден историскиот настан да ја подигнеме препознатливоста и дополнително да го зацврстиме угледот на Триглав како водечка осигурителна групација во овој дел на Европа, која се одликува со долгогодишна традиција и доверливи услуги. Затоа позитивниот ефект од оваа партнерска соработка го развиваме во единствена приказна, која за прв пат ќе биде истовремено присутна во сите осигурителни компании на Групацијата Триглав во регионот.

Исток Ремс, Генерален секретар на Кошаркарскиот сојуз на Словенија:

„Заваровалница Триглав не е нов спонзор во словенечката кошарка, таа е покровител на бројни словенечки клубови. Се радуваме што Триглав ќе го продолжи ангажирањето во  спортот и на EuroBasket 2013 и со оваа соработка ќе ја јакне вредноста и на своите компании во регионот – во сите 6 држави на некогашната заедничка држава и во Чешка. Тоа што словенечките компании во Словенија и во  странство зајакнуваат е една од целите на првенството  и токму поради фактот што нашите партнери се присутни во државите на некогашна Југославија секако ни е од помош кога станува збор за промоција на EuroBasket 2013, бидејќи за нас тоа е многу значаен пазар“.

Алеш Крижнар, директор на EuroBasket 2013:

„Задоволен сум што Заваровалница Триглав е 12-от спонзор на EuroBasket 2013, што во овие тешки економски времиња е убава бројка и претставува уште една потврда дека се работи за историски настан во Словенија. Секoгаш одново се потврдува фактот дека компаниите ја препознаваат вредноста на настанот, но не само за да го подржат, туку и како инвестиција во сопствениот бренд. Сигурен сум дека партнерството со Триглав ќе биде корисно за двете страни и дека по завршување на EuroBasket 2013 ќе сфатиме дека заедно сме создале една извонредна приказна“.

Триглав Осигурување спонзор на

Македонската кошаркарска федерација

 Триглав Осигурување со гордост објавува дека е спонзор на Македонската кошаркарска федерација.

 Како поддржувач на спортот, особено на кошарката, Триглав во пресрет на EuroBasket 2013 одлучи да застане зад Македонската кошаркарска федерација и да обезбеди подршка на македонскиот национален тим, сé со цел што поуспешно преставување на земјата на оваа единствена и престижна спортска манифестација.

Групацијата Триглав е главен спонзор и официјална осигурителна компанија на најважниот спортски настан во Европа годинава, EuroBasket 2013, за што особено придонесе фактот дека на EuroBasket 2013 земаат учество репрезентациите на сите земји во кои Триглав работи. Токму поради овој факт, подршката на Групацијата Триглав на EuroBasket 2013 ќе оди под слоганот: „Безброј навивачи, една осигурителна компанија“.

Oва беше само причина плус Триглав Осигурување да се одлучи за соработката со Македонската кошаркарска федерација.

„Триглав е компанија која секогаш се стреми да обезбеди највисок квалитет на услугите што ги нуди и да има задоволни и лојални клиенти. Цел ни е со нашите активности, со производите што ги нудиме и со услугите што ги обезбедуваме да градиме безбедна иднина за сите. Убедени сме дека една успешна компанија мора да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во кое делува, затоа една од најважните вредности на нашиот бренд е корпоративната општествена одговорност. Токму поради тоа, Триглав силно верува во инвестирањето во националниот спорт и во важноста на неговиот развој. Вистинска чест и задоволство е што сум во можност да објавам дека Триглав Осигурување е спонзор на Македонската кошаркарска федерација, и во исто време го подржува EuroBasket 2013 преку Групацијата Триглав. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон остварување на што подобри услови за работа и на македонскиот национален тим му посакуваме да постигне што подобри резултати“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Дополнително, Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација, г. Дејан Лекиќ, на прес конференцијата изјави:

„Во оваа прилика би сакал да изразам големо задоволство од тоа што нашето кошаркарско семејство се проширува со уште еден голем пријател на спортот. Во Триглав Осигурување добиваме партнер кој ќе биде поддршка на нашиот национален тим во периодот на подготовките,  како и за време на Европското првенство во Словенија во септември.  Би сакал да изразам голема благодарност кон менаџерскиот тим на Триглав Осигурување, кој во нашата национална селекција препозна врвна можност за промоција на своите активности. Верувам дека оваа соработка ќе се продлабочи со нови идни проекти кои ќе ја поддржуваат кошарката во Македонија и дека заеднички ќе се радуваме на многу нови успеси“.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma