Жената агент која уби 115 души по наредба на Пјонгјанг!

popara12 април, 20131min00
10

Ким Хјун Хи (51) е една од најпознатите женски тајни агенти на Северна Кореја која вели дека убила 115 души по наредба на властите. Таа била обучувана од легендарниот севернокорејски агент Ким Сеунг со кој во 1987 ја извршиле операцијата „Животна задача“. Во тоа време 20 годишната Ким и искусниот агент извршиле бомбашки напад на јужнокорејски авион за да го попречат одржувањето на Олимписките игри во Сеул 1988. Авионот е срушен, а животот го изгубиле 115 души – сите патници и членовите на екипажот.

Тандемот кој се претставувал како татко и ќерка се уапсени 2 дена после монструмозниот чин.

Инструкциите на севернокорејските власти во случај кога агентите ќе бидат разоткриени е веднаш да извршат самоубиство. Ким Сеунг веднаш употребил цигара со цијанид и умрел на лице место, но таа не успеала бидејќи претходно била спречена од полицијата.

Ким Хјун Хи откако го преживеала обидот за самоубиство, била осудена на смртна казна, но набрзо е помилувана бидејќи се докажало дека била психички нестабилна за време на нападот како последица од долгогодишно перење на мозокот од страна на севернокорејските власти.

Прво те учат да го сакаш лидерот, а после тоа семејството. Тој е на прво место и за него вреди да се умре – објаснува Ким.

Друга причина за нејзиното помилување е дека јужнокорејската влада сметала дека ќе им биде од корист во борбата против Северна Кореја.

Мојата мисија е да ја раскажам вистината за севернокорејскиот режим и да им помогнам на луѓето кои таму живеат – ја завршува својата исповед Ким, која сега живее во Јужна Кореја.