Жената според бојата на нејзините очи

popara14 јуни, 20131min00
2

Жените со кафени очи

Жените со кафени очи се сметаат за најголемите заводнички. Во нив има многу енергија и огромна желба за живот. Освен тоа тие знаат вистински да сакаат, максимално се раздаваат и се грижат за луѓето што ги сакаат.

Друга важна работа што треба да ја знаете за дамите со кафени очи е дека се особено емоционални. Но тоа се должи на нивното големо срце. Тие не очекуваат дека некој би можел да ги повреди или да им наштети, тргнувајќи од фактот дека самите тие не се спремни и не ни помислуваат на такви подли игри. Затоа бидете внимателни за да не ги повредите. Бидејќи тие се вистинско богатство и еден ден горко ќе жалите што сте ги оставиле!

Жените со зелени очи

Зелените очи често се поврзуваат со таинственост и мистериозност. Но тоа не е баш така. Едноставно зеленооките дами не сметаат дека е неопходно да раскажуваат приватни работи за својот живот наоколу. Тие се природно интелигентни и знаат каде и кога да ги насочат енергијата и своето време.

Интересно за нив е тоа што многу го сакаат животот и умеат да го живеат како што треба. Освен тоа тие се најстрасни по природа. Но ако веќе сте ја имале честа да бидете со таква жена, најверојатно вие уште подобро го знаете тоа. И како што е по обичај, веќе ви текнува нели дека страст без љубомора нема. Затоа серизно ве советуваме никако да не изневерувате жена со зелени очи. Не само што брзо ќе ве фати, но и многу гадно ќе ви врати!

Жена со сиви очи

Дамите со оваа боја очи се најмудрите и најмалку агресивни. Надарени се со големи емоции и паралелно со тоа со страшно силен дух. Како успеваат да ги балансираат овие две крајности, само тие си знаат…

Сивооките жени ретко зборуваат празни приказни. А секое нивно мислење е поткрепено со железни аргументи. Тоа се должи на нивната завидна аналитичност што ја поседуваат. Во љубовта се многу посветени на својот партнер. Често ќе ги поставуваат неговите потреби пред своите. Не се караат и не драматизираат без потреба. Но тешко би простиле лага.

Жените со неодредена боја очи (мешавина од 2 или повеќе бои)

Независни и смели дами кои се карактеризираат со неверојатен стил и манири. Забавни, женствени и секси, кога се меѓу луѓе секогаш се разликуваат од толпата. А кога флертуваат мажите се магепсани од нивниот шарм и харизматичност уште првиот секунд штом ќе ги видат.

Ќе го подарат срцето само на вистинскиот маж што знае да го цени тоа. Се разбира имале и тие утнати врски, но за разлика од повеќето претставнички на нежниот пол кои би западнале во депресија и самосожалување, овие девојки учат од грешките и си продолжуваат самоверено напред.

Жените со сини очи

Жените со сини очи се големи среќнички не само поради преубавата боја, но и поради тоа што оваа боја се поврзува со младоста и среќата. Односно на оие жени годините нема да им се познаваат. Постојано ќе бидат привлечни и опојни.

Друга работа карактеристична за синооките дами е тоа што имаат силно развиена интуиција и лукави кога треба како и крајно внимателни и претпазливи. Што зборува дека тешко ќе ги излажете. Ако имате некакви подли намери насочени кон нив, тие веднаш ќе осетат. Освен тоа се надарени и со остар ум. Смирени и целенасочени, тие често се задржуваат со години во една врска. што од своја страна е категоричен доказ дека силно ги магепсуваат мажите и знаат како да ги натераат да се чувствуваат добро кога се со нив. Па затоа би требало да сте многу горди ако имате синоока убавица во својот живот!

Жените со црни очи (темно кафени)

Тие всушност не се црни, туку многу, многу, темно кафеави. Оваа боја припаѓа на најмистериозните дами! За нив дури и не се знае дали најблиските луѓе ги познаваат во вистинско светло.

Но зад таа железна маска се кријат бурни страсти и емоции. И ако сакате да стигнете до нив ќе треба да вложите доста труд за да ја спечалите довербата на темнооките убавици. Има една приказна дека црните очи никогаш не се забораваат… и не е случајно тоа – во реалноста, ако успеете да се доближите до таква жена, навистина никогаш нема да ја заборавите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma