Жерновски ги ,,краде,, парите од граѓаните?!

popara10 октомври, 201318min00
5

Не ми е јасно една работа! Читам во Вест артикл со наслов: Центар си ги бара паркинзите во Дебар Маало, каде ,,жити се најмило слушај,,: Општина Центар си ги бара паркинзите вп Дебар Маало.

 Абе Ајдук!! Мене ли најде да ме е.. а???

Ако Општина Центар нема надлежност на паркинзите во Дебар Маало, тогаш со кое право ,,рекетарите,, облечени како доктори на ,,биолошки,  науки, секојдневно лепат казни скоро на секое второ паркирано возило во Дебар Маало?! Си лепат казни, си оставаат уплатници кои директно ги насочуваат парите во Општинската каса.. а се да бидам јасен: БЕЗ НИКАКВА НАДЛЕЖНОСТ!!! Градот Скопје е надлежен за паркинзите во Општина Центар, а Жерновски кој ветуваше бесплатни паркинзи за локалните избори, секојдневно собира арач од граѓаните, се разбира за да може да си ги поддржува порталите што на ,,голема уста,, говорат за неговите реформаторски способности!
Имам предлог: Ако јас имам право, а веројатно имам, тогаш организирано или поединечно сеедно- НЕ ГИ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИТЕ! А досегашните казни што успеа ,,успешниот,, да ги наплати, дај боже да ги троши за секојмесечен ремонт на сопственото возило од денес, па до крајот на животот!
Сантиметар квадратен не успеа да изгради, ама илјадници евра секојдневно си наплаќа А НЕ Е НАДЛЕЖЕН, исклучиво за да може ,,наменски,, да ги троши парите по петпарачки портали што само тој и неговите тројца партиски поддржувачи, со индигнација едвај успеваат да си ги прочитаат!
Жити мајка.. сега собираш документи за да ја легализираш досегашната пљачка по Дебар Маалските сокаци!
Срам те било!!

*објавениот текст е од наш секојдневен најредовен читател!