Трагедијата се случила во Канада пред некој ден кога питон побегнал од кафезот и преку вентилацијата се качил во станот над продавницата за миленици.
Од локалната полиција потврдиле дека африканскиот питон кој побегнал од продавницата убил две деца кои во моментот престојувале кај свои пријатели кои пак живееле во станот над продавницата. Змијата била уловена, но прекасно.
На својата Фејсбук страна од продавницата го изразиле своето најдлабоко сочувство на семејството на починатите деца и додале дека се работи за безсмислена трагедија.
Профилот покасно бил суспендиран поради вербалните напади од страна на корисниците.
http://www.youtube.com/watch?v=qmHPji5_lPM