Змијските очи се општо познати во целиот свет. Без разлика дали се работи за оној коцкарскиот или пак во оној другиот- животинскиот свет. И во двата случаја , опасноста од страдање е огромно.
Тие што со нетрпение ги исчекуваат на коцарските маси, однапред се осудени на пропаст, иако надеж е она што последно умира со секој од нас.
Тие другите, вистинските, кај и да ги сретнеш, не се баш пријатни за посматрање. Ниту пак да им намигнуваш, како некогаш старите на корзо, а уште помалку се гледате себе во ситауција со било која змија во ,,моментот,, :чао маче шо праиш?!
Змија си е змија, а стравот си е страв, па одтаму и змијските очи, наша ноќна или дневна мора- сеедно.
Останаа да ги истретираме и оние ,,змијски,, очи, кои се повеќе се среќаваат насекаде околу нас, а истите не се ниту коцкарски ниту реални- змијски, туку најреални- женски.
Свекрвите понекогаш ги викаа своите снаи- змии, без разлика дали истите личеа или не, на некоја кобра, питон или недај боже анаконда. Но тоа беше некоја ,,узречица,, која недвосмислено беше синоним за победникот од трката помеѓу снаите и свекрвите и никој трет посебно.
Снаите останаа змии, свекрвите страшила, ама повторно ниту во едниот, ниту во другиот случај со сигурност, не беа детектирани, змијските очи.
Каде можат да се детектираат змијските очи? До Вас, околу Вас… насекаде… Ги среќаваме и кога најмалку се надеваме. Тоа се очи на жени, што од коцкарите го имаат ,,украдено,, ладниот смирен коцкарски однос во критичниот момент, оној момент пред да ја ,,загризат,, жртвата. Од оние вистинските змии, ја украдоа брзината и итрината. Со такви жени, секоја жртва има озбилен проблем.
Секој наивен, останува плен за ,,дробење,, па дури и за голтање, доколку дотичната си ја наследила устата од својата ,,мајка,, – анаконда или питон, сеедно.
Останува да Ви ги детектирам местата , каде од овие ,,жени,, може да настрадате.
Најчесто Ве демнат во дискотеки и кафулиња, каде чекаат најпрвин да ,,опнете,, по некоја чашка, за сетилата и рефлексите, Ви ја заматат реалноста. Спас за Вас во таква ,,кондиција,, – Нема! Поскоците ќе ве нападнат, онака во скок.. зошто со скокање најдобар впечаток и се остава- нели?!
Рестораните и паркинзите се исто така, озбилно ,,дувло,, за такви змии. Колку поскапо ауто возиш, толку на полоша змија ќе налеташ. Сметките и бакшишите по рестораните, им се омилени. На нив вежбаат тие малите змијчиња од видот : Индиска Кобра или Степски Удав.
Шопинг центрите и хотелите се ,,родени,, за тие змии со стаж, но сеуште не ,,примени,, во Премиер Лигата. Овие змии, се интелегентни, не толку брзи, зошто однапред веќе имаат научено, дека ,,возењето на долги стази,, е единственото решение за пленот целосно биде ,,потфатен,,. Значи змии од видот: Смок или Шарен Питон- Афрички.
Останаа за презентирање само Премиерлигашките. Е за нив очите не играат улога. Тие без да гледаат , само со сетило за мирис, Ви ја детектираат тежината. Тие змии точно знаат колку Ви тежи паричникот, банкарската сметка, платежните картички… Со овие змии, на крај не излегуваат и најголемите мангупи. Не случајно, тие змии први си ја голтаат својата жртва, не оставајќи им на оние понаивните, ни секунд можност, нивната жртва да стане нечиј друг плен.
А што правиме со оние жени кај нас, што би нарекол со задоволство- тутуле бале сегмент?! Што со нив? Ќе останат ли пленови и за нив, или ,,сиромашките,, како и за се друго кај нас, ќе се задоволат со познатиот Македонски слоган : Што дал господ!
Да прогнозирам?! Тутуле бале си беше синоним, а богами и за навек ќе остане синоним за наивност…чиста совест…
За таквите ,,балиња,, нема место во овие змијски времиња!!