Шишињата и лименките на алкохолните пијалоци кои се продаваат во Турција, наскоро ќе мора да имаат знаци со предупредувања на нив, слични како на цигарите, а ќе вклучува фрази како “Алкохолот не е ваш пријател”.
Новата регулатива за знаците е резултат на законот кој беше изгласан во Мај, кој ја ограничува продажбата и рекламирањето на алкохолот.
Овој закон е една од причините за бранот на протестите против власта кој ја удри Турција во Јуни.
Демонстраторите го искористија како пример за престапот на авторитет на премиерот Реџеп Тајип Ердоган и неговото наметнување на исламистичките погледи на држава со долга секуларна историја.
Знаците, исто така мораат да наведат дека само лица над 18 години смеат да конзумираат алкохол и ги предупредуваат трудните жени и возачи да не пијат.
Компаниите имаат 10 месеци да ги воведат знаците.