Знаете ли што значи овој знак кој можеме да го видиме на препаратите за чистење? Х на портокалова основа

popara14 октомври, 201317min00
25

Повеќето од нас при купување на средства за чистење не ги читаат декларациите и ознаките на производите. А тие не се ставени без потреба. Еден од знаците кој често се среќава на производите е Х на портокалова основа. Што значи тоа?

Доколку над големиот Х стои и ознака х, или малата буква х се наоѓа во долниот десен агол тоа значи дека состојките можат да ја оштетат кожата или други делови од човечкото тело. Доколку наместо х, има мала буква “и“ латиница, тоа значи дека состојките на производот можат да ги иритираат очите или било кој дел од телото (i=irritant)

Во секој случај, ваквото предупредување зборува дека е потребно да се заштитите доколку ги користите овие производи, во најмала рака да користите ракавици, бидејќи рацете се најчесто изложени на иритација. Подеднакво се штетни и испарувањата од овие хемикалии за респираторниот систем, па не би било лошо да користите маска додека ги користите и што помалку да се задржувате во просторијата.

Ризиците по здравјето се најразлични!

Znak-X

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *