Зошто мажите паѓаат на кучки?

popara17 август, 20131min00
7

Таа е моќна, егоистична, сака работите да се случуваат според нејзините желби, не отстапува, не се интересира за мислењето на мажот и целото нејзино однесување зборува дека не и е гајле особено гајле за него. И покрај тоа тој е вљубен до уши и трча по неа како кученце. Зошто?  Зошто мажите толку многу ги привлекуваат кучки? На ова прашање ние, не кучки, често се обидуваме да си дадеме одговор. Затоа веруваме дека нормалните врски се како последица на нормални односи, разбирање, љубов, доверба и поддршка. Што толку има во овие кучки? Ајде да се обидеме да разбереме.

Природата великодушно ги донираше со убавина? Всушност не. Поголемиот дел од нив и не се толку убави. Но сите до една имаат совршена фризура и уште по совршена шминка. Во комбинација со стилска гардероба и обувки, изгледаат навистина привлечно. Редовниот спорт и посетите на козметичкиот салон исто така имаат енормно значење. А негуваната жена секогаш привлекува внимание и предизвикува респект. Само една заграда – има жени кои се однесуваат како кучки, но немаат негуван изглед. Но тие се навистина тежок случај, кој денес не е во нашиот фокус.

Кучките се премногу предизвикувачки? Интересно тука е дека тие се предизвик со својата недостапност. Често се груби, арогантни и јасно даваат на знаење дека имаат поважни работи од тоа да излегуваат со еден маж, а камоли да се усогласат со неговото слободно време. И тука тој сваќа дека е подготвен на се за да биде со неа. Ќе го пропушти натпреварот, ќе го одложи состанокот, ќе се јави на работа дека ќе доцни. Практично тој ја фрла целата своја енергија за освојување на неразумната кучка. Што се случува,откако сепак ќе успее?

Па ништо! Бидејќи тој нема да успее да покори таква жена. Ќе му треба да се бори за неа секој ден, секоја минута. А згора на тоа таа секој момент може да се одлучи дека не сака повеќе да го гледа. За некои мажи таа врска се претвора во болест, бидејќи тие стануваат подготвени на се, за да го добијат “лекот” – нејзиното одобрување, нејзината насмевка, нејзиното добро расположение. Но порано или подоцна сваќаат дека така не може.

Па, малку шминка, малку убава гардероба, малку повеќе самодоверба и доста егоцентричност и ти можеш да бидеш кучка. Прашањето е дали навистина тоа го сакаш? Зошто тврдењето е дека мажите сакаат кучки, но само до некаде. Вистината е дека тие само паѓаат на такви кои наликуваат на кучки, но под површината се добри и вредни девојки.

Можеби е подобро да бидеме кучки, но само по некогаш. Тука, токму на место доаѓа теоријата за контрастите. Сега си дрска и егоистична, потоа се прегрнуваш и се умилкуваш. Според оваа теорија мажите најмногу се заљубуваат во тоа однесување. Иако тоа често ги збунува, понекогаш и иритира, факт е дека многу силно им го задржува интересот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag