30 неверојатни факти за сонот и спиењето

popara23 април, 20141min00
2

Кој има потреба од петнаесет минутна пауза, на кого му се потребни 2, а на кого 18 часа спиење и дали сте ” хипнотизирани ”, а да не сте ни свесни за тоа?

И покрај фактот дека секој ден се пишува за важноста на спиењето, сонот повеќето од луѓето го земаат здраво за готово, како навика или неопходност, која не игра толку важна улога во нашиот живот.  Можеби преку триесетте интересни факти кои од многуте студии ги издвои американскиот магазин Time ќе ви биде појасно зошто квалитетот на сонот е толку важен.

Спиење и здравје

“Нон- 24 ” е името за состојбата на организмот кај луѓето чиј внатрешен часовник не е поврзан со нашето сметање за времето и денот кој трае 24 часа.

Недостатокот на сон влијае на намалување на прагот на толеранцијата на болка.

Слепилото, освен ако не е присутно од раѓањето, кај некои луѓе може да предизвика пореметување во секојдневниот живот , поради непостоењето на разлика помеѓу денот и ноќта.

Приближно 4,7 проценти од  Американците признаа дека додека возат понекогаш на кратко задремуваат.

Колку време е потребно да спиеме дневно?

На жирафата и е потребно само 1,9 часа спиење дневно !

За разлика од нив, питоните дневно спијат околу 18 часа.

Мачките , исто така, сакаат да спијат , па затоа не е чудно што две третини од својот живот го поминуваат во сон.

Еве една интересна информација за сите родители – 1.055,6 часа од спиењето новите родители го губат во првата година од раѓањето на нивното бебе.

Интересно е да се знае дека на жените, во просек, им е потребен еден час на спиење повеќе во текот на ноќта отколку мажите.

Ако сте преоптоварени во текот на денот и веќе сте почнале да ги заборавате сите свои обврски кои треба да ги извршите, воведете нова практика – дремка од само шест минути! Истражувањето покажа дека дури и оние шест минути на дневен одмор позитивно влијаат на нашата меморија.

Во еден необичен експеримент, беше откриено дека војниците можат да поминат и до 36 часа без спиење, ако носат специјални очила кои го симулираат ефектот на заоѓање на сонцето.

Зборуваме , одиме , сонуваме – 3 во 1

15 проценти од вкупното население припаѓа на групата на луѓе кои месечарат.

Sleepwalking е најчест на возраст од 3-7 години.

” Непредвидлива хипноза ” мачно чувство како да паѓаме или се сопнуваме, додека сме во почетната фаза на спиењето, а одеднаш  се будиме во непријатен грч.

Луѓето кои остануваат будни до утринските часови често имаат кошмари.

Можеби не сме ни свесни, но и покрај тоа што гледаме живописни слики додека сонуваме, повеќето од нашите соништа не мора да имаат звук .

Гејмерите, љубителите на видео игри, имаат поголема способност да ги контролираат своите соништа.

Дванаесет проценти од луѓето во целост имаат црно и бели соништа.

Кој сонува , а кој ги брка звездите?

Шеесет ноќи по ред , Мајкл Џексон наводно поминал без РЕМ фаза, што дополнително придонело за неговата смрт.

Мараја Кери тврди дека и се потребни 15 часа на квалитетно спиење за да биде во можност да одржи добар концерт.

Петнаесет минути дремкае на секои четири часа – наводно толку му било потребно на ренесансниот гениј Леонардо да Винчи.

Седум дена во хотелска соба во Монтреал заедно спиеле и поминувале време Џон Ленон и Јоко Оно , изведувајќе еден вид на перформанс- протест против војната во Виетнам.

Рекорд во категоријата за најдолг период на време без сон е поставен од Ренди Гарднер во 1965 година. Цели единаесет денови без сон. Кој е вашиот личен рекорд со кој можете да се     “пофалите “?

И само да знаете…

Шеснаесет проценти од работодавците во САД одвојуваат посебно време и место за одмор и дремка за своите вработени.

Идеална температура за добар сон е помеѓу 16 и 20 степени Целзиусови.

Најбрзиот подвижен кревет  што во моментов постои за широка продажба,  може да достигне брзина од речиси 31 метри во секунда.

Дури и кога спиете, цела една половина од делфинговиот мозок е активно будна.

Ако работите ноќна смена, треба да бидете свесни дека таквата состојба ја намалува способноста за учење и меморија од околку 40 проценти.

Најголемата вреќа за спиење тежи околку што 79 кг, речиси десет пати е потешка од нормалните вреќи за спиење.

И да знаете, недостатокот на спиење е поврзан со многу катастрофи кои се случиле на нашата планета, како што се несреќата во Чернобил и инцидентот на островот Три Милји .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma