5-те маани на секој хороскопски знак

popara2 декември, 20141min01
15

Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите.

Овен

– Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес.

– Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност.

– Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго.

– Имаат голем проблем со трпението.

– Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции.


Бик

– Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија.

– Не попуштаат.

– Нивните потреби се секогаш поважни од вашите.

– Ужасно се здодевни.

– Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи.


Близнаци

– Непослушни личности.

– Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени.

– Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови.

– Брзо се заситуваат од сè.

– Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи.


Рак

– Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

– Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците.

– Наметливи се и несамостојни.

– Може да ве запросат уште на вториот состанок.

– Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура.


Лав

– Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било.

– Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото.

– Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право.

– Нивната палавост е непријатна.

– Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка.


Девица

– Склони се кон осудување и претерани критики.

– Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор.

– Превртливи се.

– Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси.

– Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност.


Вага

– Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете.

– Донесувањето одлуки трае со часови.

– Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување.

– Опседнати се со физичката убавина.

– Им недостасува силна волја.


Скорпија

– Љубомората е далеку позната за Скорпиите.

– Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции.

– Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш.

– Лажливи се и таинствени.

– Малите караници редовно се претвораат во огромни драми.


Стрелец

– Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци.

– Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат.

– Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново.

– Доминантни се и склони на контролирање.

– Често се невнимателни за туѓите чувства.


Јарец

– Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење.

– Опседнати со контрола.

– Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат.

– Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна.

– Затворени се зад своите ѕидови.


Водолија

– Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни.

– Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции.

– На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво.

– Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди.

– Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.


Риби

– На Рибите им треба многу простор.

– Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат.

– Ретко кога знаат што сакаат од животот.

– Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа.

– Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство.

One comment

  • Aleks

    8 декември, 2014 at 11:58

    Не би се согласил…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma