5 трикови против мравки во домот

popara5 јули, 20141min00
9

Со доаѓање на топлите денови многумина мака мачат со упорните гости, имено мравките почнуваат со собирање на зимница, а нашиот дом е нивната омилена дестинбација. Во борба со досадното “друштво” ни помагаат природни и евтини средства чиј мирис и состав ќе го спречат нивното доаѓање.

Темелно исчистете ги сите простории во домот

Првиот чекор во борба со мравките е темелното чистење на сите површини каде тие се собираат. Најдобро е тоа да го направите со вообичлаено средство за чистење и вода.

Бел оцет

Најпознатото природно средство за истерување на мравките е белиот оцет, користете го со помош на распрскувач, така што ќе измешате еднаква количина оцет и вода во шишето со распрскувач. Испрскајте ги местата на кои сте ги забележале мравките.

Цимeт во прав

Патеката по која мравките се движат обилно поросете ја со цимет. Мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на цимет.

Кујнска сол

Неколку лажици кујнска сол измешајте со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Солената површина ги спречува мравките да влезат во домот.

Креда или детска пудра

Иситнете една креда и ставете ја ивиците на ѕидот – омиленото место на мравките. Истото можете да го направите и со детска пудра.