А сега без шега: Вистината за хороскопските знаци!

popara13 февруари, 201418min00
6

Не знаеме дали сте забележале, но општите карактеристики на хороскопските знаци би можеле отприлика да се сведат на неколку фрази кои потоа во разни варијации би можеле да се применат на секој еден знак. Не верувате? Проверете!

Овен

Отворен. Симпатичен. Спонтан. Човек што не сакате да го налутите. Забавен. Прекрасно се бакнува. Неодолив. Сака долги врски и семејството му е важно. Познати се како дарежливи и великодушни. Посветени. Гласни. Секогаш мора да се во право. со часови се расправаат за да докажат нешто. Едни се од најпрекрасните луѓе на светот.

Бик

Агресивен. Обожава долги врски. Сака да се истепа ако нешто сака. Знае да биде досаден, но ќе направи се за внимание. Изузетно отворен. Сака да им помага на другите. Добро се бакнува. Има пријатна личност. Тврдоглав. Грижлив. Станува егоистичен ако нешто сака – ќе направи се за да го добие. Сака да спие и да мрзелува. Уникатен. Не би сакале да се расправате со него. Најкомуникативните луѓе на планетата.

Близнаци

Добри. Сјајно слушаат. Многу вешто ги збунуваат луѓето. Љубовници, а не борци, но многу лесно ќе ве оборат. Не можете да им продавате фори, веднаш ќе ве разоткријат. Сакаат да паметуваат и да им кажуваат на другите што да прават. Лесно се повредуваат. Одлични се за губење работи и заборавени се. Знаат да бидат крајно саркастични, детинести и понекогаш многу љубопитни. Доверливи. Секогаш весели.

Рак

Одлично се бакнува. Добро изгледа. Уникатен во својата љубов. Романтичен. Највнимателниот човек што некогаш ќе го запознаете. Креативен. Повеќето се уметници но и вешти говорници. Ја усовршуваат сексуалната техника и ја практикуваат често. Скроз откачени. Забавни и често дел од некоја партија.

Лав

Одлични соговорници. Атрактивни и страсни. Опуштени. Најчесто среќни, но кога се несреќни, тогаш мрзелуваат и стануваат детинести. Проблемот на лавот станува проблем на сите. Повеќето се предвидливи и монотони. Знаат да се забавуваат. Добри се во речиси се што прават. Одлично се бакнуваат. Отворени се. Приземни. Посветени.

Девица

Доминантна е во врска. нејзиното мора да е секогаш последно. Грижлива. Паметна. Гласна. Верна. Пријатна за разговор. Се што од секогаш сте посакувале. Лесно ќе и угодиш. Сака да ризикува. Мисли дека се знае и најчесто е во право. има почит кон другите, но лесно ќе го изгубите ако поради нешто ја изгубите довербата.

Вага

Љубезна кон сите што ги познава. Смешна и слатка. Негува уникатен изглед. Највнимателниот човек што некогаш ќе го запознаете. Сепак не е човек со кој би сакале кавга. Би можеле да завршите со солзи и скршено срце. Може да предизвика хаос но и да го спречи. Верен пријател до крај.

Шкорпија

Особено убави. Сакаат да се шегуваат. Имаат сјајна смисла за хумор. Полни со енергија. Се во животот проблае барем еднаш. Сакаат да им угодувате. Предвидливи. Сјајно се бакнуваат. Секогаш го добиваат она што го сакаат. Привлечни. Сакаат долги врски. Зборуваат многу. Обожаваат журки, некогаш и премногу. Сакаат пари и ги бива да заработуваат.

Стрелец

Спонтан. Сјајно изгледа. Чудна билка. Сака долги врски. Дава многу љубов. Осаменици. Лесно губат трпение и не поднесуваат лаги. Ако се лошо расположени бегајте од нив подалеку. Лесно се повредуваат и засекогаш ќе ви го паметат. Длабоко сакаат но не го покажуваат секогаш тоа бидејќи сметаат дека тоа е знак за слабост. Имаат многу стравови, но никогаш нема да дознаете. Мошне романтични.

Јарец

Сака да провоцира. Дрзок. Интелигентен. Секси. Повремено мрзливи и напорни. Легачи. Сакаат да си работат лаганица и без паника, но кога ќе ја најдат професијата што им лежи се посветуваат максимално. Горди и полни со разбирање за оние што страдаат. Неодоливи. Преферираат долги врски. Сјајни говорници.

Водолија

Доверливи. Привлечни. Одлични љубовници. Сакаат долги врски. Мошне трудољубиви. Ги прифаќаат сите проекти. Се гордеат со себе, без разлика што работат. Неуредни и неорганизирани. Сакаат да го одложат за утре она што мораат да го сработат за денес.

Риби

Внимателни и нежни. Паметни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне организирани. Многу привлечни за спротивниот пол. Сакаат да го имаат последниот збор во расправија. Тешко е да ги задржиш. Страсни, фантастични љубовници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag