Американците ја оправдуваат тортурата на ЦИА

popara16 декември, 20141min00
21

Мнозинството граѓани на САД, односо 51 отсто од нив, го сметаат оправдано користењето тортура во текот на сослушувањето на осомничените за тероризам, додека 29 отсто не ги оправдуваат методите што ги користела Централната разузнавачка агенција(ЦИА), се наведува во извештајот што синоќа го соопшти Центарот за истражување „Пју“.

 

Околу 56 отсто од американските граѓани сметаат дека употребата на тортура довела до откривање на информации со кои се сперeчени терористички напади, а 28 од нив сметаат спротивно, додека 16 отсто немаат никакво мислење за ова прашање.

Вкупно 42 отсто граѓани на САД веруваат дека одлуката на Сенатот за објавување на извештајот за ЦИА е добра, додека 43 отсто не ја оправдуваат.

Сенатот на САД минатата недела објави извештај во кој се опишуваат техниките на мачење на притвореници, осомничени за тероризам, што ги спроведувала ЦИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag