Според документите на Штази, Ангела Меркел е наследникот на Адолф Хитлер, пишува Правда.рс.
Имено, во 1954-тата година е родено девојче, ќерка на Хитлер, за кое Штази тврдат дека е Ангела. Нејзиниот официјален датум на раѓање е 17-ти јули 1954-та година, но како што е наведено во документите, кои во моментов се наоѓаат во архивата на руски КГБ, нејзиниот вистински роденден е 20-ти април 1954-та година. Ако е точно ова, тоа значи дека ќерката на Адолф Хитлер е родена токму на неговиот роденден.
„Ангелот на смртта“ го оживеа Хитлер – Деталите за раѓањето на Ангела Меркел се забележани во мемоарите на Др. Карл Клауберг еден од најмрачните нацистички „ангели на смртта“, кој воедно бил осуден воен злосторник.
Имено, Клауберг ја служел 7-годишната казна, по што советските власти го ослободиле во замена за тајните документи на Штази во кои е опишана неговата техника за вештачко оплодување и многу поважно, за замрзнатата спрема на Адолф Хитлер.
Таткото на Хитлер, кој самиот си го променил своето презиме, бил вонбрачно дете, син на Соломон Ротшилд и неговата љубовница Марија Ана Шиклгрубер.
Според нацистичките документи за вештачко оплодување, Клауберг ја довел својата сестра Ева Браун од Западна во Источна Германија. Таа била избрана за сурогат мајка, онаа која ќе го носи детето на Хитлер.
Кога Клауберг се вратил во Западна Германија, веднаш бил уапсен и убиен две години подоцна, додека неговото судење сè уште било во тек.
Договор за Светска доминација – Набрзо по раѓањето на неговата ќерка, Русија, САД и Ватикан склучиле договор според кој старателството над детето ќе го има Католичката црква, која воедно била добро поврзана со Лутеранската црква во Источна Германија. Тогаш ѝ бил даден лажниот датум на раѓање и име Ангела Доротеа Кеснер. За лажен татко бил избран Хорст Каснер, пастир во една Лутеранска црква, а за мајка ѝ била одредена Херулинд, учителка по англиски и германски јазик.
Една од одредбите на 3-страниот договор била дека Ангела ќе добие меѓународна моќ, но дека тоа ќе се случи кога на чело на Ватикан ќе биде поставен Папа со потекло од Германија.
По смртта на Папата Јован Павле II, на чело на Католичката црква на 20-ти април 2005-тата година бил поставен нацистот Јозеф Рацингер кој подоцна го зел името Бенедикт XVI.
Дали навистина е случајност што и ова се случило токму на роденденот на Хитлер?
Во 1977-та година Ангела Доротеа Кеснер стана Ангела Меркел откако се омажи за физичарот Улрих Меркел. Таа од него се разведе во 1982-та година. Меркел беше избрана за канцелар на Германија кратко откако Папата Бенедикт XVI го превзеде раководството над Католичката црква, исто така на денот на раѓањето на Хитлер.