На денешен ден пред 7 години најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска. Тој беше единствениот кој загина во џипот кој го управуваше неговиот другар а во кој беше инеговата менаџерка Љиља Петровиќ.
Нека му е вечна слава
Во чест на Тоше
Сега ни е судено на секој октомври на шеснаесетиот ден да се прашуваме зошто не бевме на друго место. Зошто не ги запревме границите за да направиме уште еден концерт. Зошто не постоеше само Крушево на овој свет тој 16-ти…
Утро, октомври. 16-ти во месецот. Секоја наредна година дождлив, колку и да е сончев. Секогаш нецелосен, колку и да си успеал. И секоја година го испраќаме во шест и дваесет, но никако да го пуштиме.
Секогаш ќе боли 16-ти, бидејќи некој замина тогаш.
Некој со името Тоше Проески.