Audi R8 LMX со ласерски светла

popara27 мај, 20141min00
11

Во сите светски медиуми обиколи веста дека BMW i8 ќе биде првиот автомобил со ласерски светла. Но Audi ваквата технологија ја вгради во својaта LMX серија која сега е достапна за нарачка, а најбрзите купувачи би требало да ја имаат веќе во текот на летово. Исто како и моделот i8 (кај кого ласерските светла како опција ќе бидат достапни наесен), R8 комбинира долги ласерски и кратки LED светла.


Ласерските фарови ќе обезбедат подобро осветлување од оние кои користат диоди и со помош на сензор ќе ги детектираат другите автомобили, при што ќе се регулира светлосниот сноп со цел да не им пречи на останатите учесници во сообраќајот. Покрај ласерските светла, LMX ќе се карактеризира и со моќен мотор. Имено, автомобилот ќе биде придвижуван од 5,2 V10 мотор, кој развива максимална моќност од 570 КС и максимален вртежен момент од 540 Nm. Моќта се пренесува на сите тркала преку седум-брзински менувач со двојна спојка.

“Ласерскиот” R8 од место до 100 km/h забрзува за 3,4 секунди и достигнува максимална брзина од 320 km/h. Потрошувачката на гориво во комбиниран циклус е декларирана на 12,9 l/100 km. На германскиот пазар цената на Audi R8 LMX изнесува 210.000 евра. Компанијата ќе произведе само 99 примероци од овој модел, од кои повеќето би биле купе изведби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *