Бајадера: Најдобриот рецепт без миксер и печење, готови за 20 минути!

7 декември, 20140
22

Состојки:

9 лажици вода

20 дкг шеќер

15 дкг мелени ореви, бадеми или лешници

25 дкг Петит бисквити

17 дкг путер

10 дкг чоколадо

Малку рум

За прелив:

10 дкг чоколадо за готвење

Малку масло

Подготовка:

Во тенџере додадете вода и шеќер и загрејте ја содржината на послаб оган додека шеќерот се стопи.

Додадете путер, тргнете го тенџерето од оган и мешајте се додека се стопи.

Кога путерот сосема ќе се стопи, додадете ореви и мелени бисквити и мешајте додека не добиете густа смеса.

Добиената смеса поделете ја на два дела.

Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во едната половина од смесата со оревите, а во другиот дел ставете рум.

На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата, оној со чоколадо и со раце оформете квадрат, а горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.

Врз него на ист начин ставете го другиот дел и обликувајте исто како претходно.

Остатокот од чоколадото се топи на пареа, додадете во тоа малку масло и посипете ја бајадерата со готовиот прелив.

Бајадерата се остава една ноќ да отстои во фрижидер за да се стегне, а следниот ден се сече на парчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi