Бара 1,5 милиони долари од Мекдоналдс бидејќи не добил салфетка!

popara3 март, 20141min00
1

Поради дополнителна салфетка која не му ја дале, америкаецот Вебстер Лукас го тужел Мекдоналдс за расистичко малтретирање, барајќи оштета од 1,5 милиони долари. Познато е дека американците сакаат да се судат, а пред нивните судови често се наоѓаат најневеројатните барања. Последен во низата такви случаи е тужбата која Лукас ја поднел против популарниот ланец за брза храна бидејќи вработениот одбил со нарачаниот сендвич да му даде уште една салфетка.
„Драмата“ се одиграла во ресторанот во Пакоима, Калифорнија, каде Лукас нарачал двоен чизбургер со дополнителна салфетка. Кога на масата сватил дека добил само едно парче хартија за бришење, се вратил на пултот, но управникот на ресторанот, очигледно штедлив човек, одбил да му даде уште едно. Лукас, инаку Афроамериканец, го обвинил менаџерот за расистичко однесување, а до управата на Мекдоналдс истиот ден испратл имеил во кој се жалел поради претрпената „душевна болка“. Според медиумите, Мекдоналдс на Лукас му понудил бесплатни хамбургери, но тој одбил наведувајќи дека доживеал емотивен стрес поради кој не можел нормално да функционира на работа, па бара оштета од 1,5 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag