Состојки:
300 мл матена павлака
200 гр бело чоколадо
2 јајца
2 жолчки
1 ванилин шеќер
5 супени лажици Бејлис
Матената павлака нека отстои во фрижидер. За тоа време изрендајте го чоколадото и стопете го на пареа. Паралелно, во друг сад на пареа изматете ги јајцата, жолчките и ванилиниот шеќер се додека не се добие пенаста смеса. Тргнете го садот од оган и префрлете го во друг поголем сад со студена вода и продолжете да мешате се додека кремот не се олади. Додадете го стопеното чоколадо, ликерот и павлаката и внимателно промешајте. Кремот се распоредува во соодветни десертни чаши и треба да отстои најмалку 3 часа за да се стегне. Готовиот мус се сервира поросен со малку какао или рендано црно чоколадо.