Без диета и гладување: Најдобрите совети за слабеење на популарниот доктор Оз!

popara21 ноември, 201418min00
6

Колку и да се трудите, никако не успевате да се решите од вишокот килограми? Ако ви е доста од пропаднати диети и фрустрации поради тоа, можеби популарниот доктор Мехмет Оз има решение за вас.

Низ годините богато искуство, тој собрал едноставни совети кои навистина помагаат. И што е најважно – овде нема строга диета.

Кисело пред оброк

Туршијата содржи тајно оружје – оцет. Ова е пресудно, особено ако јадете нездрава храна после што нивото на инсулинот нагло расте, но набрзо и опаѓа, па повторно сте гладни. Оцетот помага да се одржи нивото на шеќер и стабилен инсулин. Доволни се две, три кисели краставички пред оброк или чаша млака вода со лажица јаболков оцет.

Врела супа

Една чинија врела супа пред ручек и вечера помага да го намаите внесот на калории. Како? Јадејќи ја бавно врелата супа – му давате време на мозокот да свати дека полека се заситувате, па затоа сигурно помалку ќе изедете од главното јадење. Избегнувајте густи крем супи, бидејќи имаат многу маснотии и калории.

Сирење за ужинка

Неодамнешното истражување покажало дека замената на нездравите грицки со сирење со ниска масленост и зеленчук, конзумацијата на храна меѓу оброците се намалува за 72%. Комбинацијата сирење – зеленчук ги дава неопходните калциум и протеини, па нема да имате потреба од ништо друго. Поголемиот дел од нас не посветуваат внимание на дополнителните оброци во текот на денот, а тие според истражувањата изнесуваат околу 600 дополнителни калории дневно.

Јаглехидрати за појадок

Станува збор за сите житарици и интегрални производи. Истражувањата покажале дека ваквиот појадок помага при слабеење, бидејќи ја задоволува желбата за јаглехидрати во почетокот на денот кога имате доволно време да ги потрошите тие калории. Со овие јаглехидрати ќе добиете доволно енергија за потребите на остатокот на денот.

Мијте ги забите

Се препорачува миење на забите после секој оброк, освен за хигиена и како трик за слабеење. Миењето на забите испраќа импулс до мозокот што вели дека сте готови со јадењето па нема да чувствувате силен глад потоа.

Јадете пред главниот оброк

Мама била во право, јадењето пред ручек ќе ви го уништи апетитот. Но кога станува збор за слабеење, ова може да биде полезно. Половина час пред ручек изедете нешто мало и здраво, на пример грст бадеми, лешници или овошје. Тоа ќе ви помогне да го задоволите апетитот и нема да внесете многу калории за време на ручек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag