Шеговитиот текст во кој се дискутира за тоа ако дојде до физичка пресметка помеѓу претседателот Владимир Путин и првакот на Украинската проевропска опозиција Виталиј Кличко, со оглед на тоа дека и двајцата имаат повеќегодишно искуство во борбени спортови, се појави денес во Бизнис Инсајдер.
Кличко 16 години беше професионален боксер, а денес ја носи вечната шампионска титула, додека Путин има црн појас во џудо, и со тоа се бави веќе пет децении па дури и снимил филм под наслов: Учиме Џудо со Владимир Путин.
Професорот Едвин Мали, еден од најугледните учители по џудо во светот, вели дека вештините кои ги нуди џудото ги надминуваат оние на боксерите и дека добар џудо мајстор може да победи добар боксер!
Со ова се согласува и Брајан Мишелино, тренер по џиу џицу. Сепак тој смета дека во двобојот помеѓу Кличко и Путин би победил боксерскиот шампион.
Се сомневам дека Путин како политичар со кариера е на исто ниво на физичка подготвеност како Кличко кој е врвен спортист. Тука е и разликата во години – Кличко е 20 години помлад од Путин – вели Мишелино.
httpv://www.youtube.com/watch?v=f62myM2iPjE