Болести кои се закануваат на дебелите луѓе

popara18 август, 20141min00
1

Прекумерната тежина и дебелина го зголемува ризикот од развој на десет чести видови на рак, објавено од страна на британските научници во списанието Lancet.
Експертите од Лондонскиот факултет за јавно здраство и тропска медицина собрале податоци од пет милиони луѓе за оваа студија и резултатот до сега најсеопфатната судија која ја потврдува врската меѓу дебелината и развојот на рак.

Докажале дека прекумерната тежина силно и линеарно е поврзана со зголемен ризик од развој на шест видови на рак. Најзагрозени делови се рак на матката, а потоа мочниот меур, бубрезите, грлото на матката, тироидна жлезда и леукемија.

Луѓето со поголем индекс на телесна тежина, исто така имаат поголема веројатност за заболување од рак на црниот дроб, дебелото црево, јајниците и дојките, но поврзаноста во овие четири случаи е помалку јасна отколку претходните шест и зависи од други индивидуални ризик фактори.

Иако овие болести претставуваат 90 проценти од дијагностицираните ракови во Велика Британија, во некои од почестите типови, како рак на простата, не е пронајдена поврзаност со прекумерната телесна тежина.

Иако одоснот меѓу ракот и дебелината е сложен, јасно е дека зголемувањето на телесната тежина го зголемува ризикот од развој на рак, заклучуваат истражувачите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag