Историчарите – криминолози претпоставуваат дека можеби имало сериски убиства низ историјата, но одделните случаи не биле соодветно запишани. Некои извори претпоставуваат дека легендите како врколаци и вампири биле инспирирани од средновековни сериски убијци.
Лиу Пенгли од Кина, роднината на императорот на династијата Хан – Јин, бил прогласен за крал на Јидонг шестата година од средниот период од владеењето на Јинг (144 год. п.н.е.). Според кинескиот историчар Сима Кјан, „тој одел на експедиции за пљачкосување со 20 или 30 робови или со млади мажи кои се криеле од законот и убивал луѓе и ја запленувал нивната сопственост, сето тоа едноставно заради спорт.” И покрај тоа што многумина од неговите поданици знаеле за овие убиства, дури во 29-тата година од неговото владеење конечно била пратена пријава на императорот од страна на синот на една од жртвите. На крајот се открило дека тој убил најмалку 100 луѓе. Службените лица од судот побарале Лиу Пенгли за биде погубен. Сепак, императорот не можел да поднесе да нареди да му го убијат неговиот сопствен роднина, па му ја одземале благородничката титула и го прогониле.
Во 15 век еден од најбогатите луѓе во Европа – Жил де Ре сексуално злоставувал и убивал деца – селачиња, воглавно момчиња, кои ги земал од околните села и ги носел во неговиот замок. Се проценува дека бројот на неговите жртви се движи помеѓу 140 и 800.
Унгарската аристократка Елизабет Батори измачила и убила околу 650 девојчиња и девојки пред да биде уапсена во 1610 година.
Честопати се тврди дека Таг Бехрам, водачот на индискиот култ на убијци Таги, е „најплодниот” сериски убиец на светот. Според многубројни извори, се верува дека помеѓу 1790 и 1830 тој убил 931 жртва со помош на давење со церемонијално платно. Едно неодамнешно истражување предизвика сомнеж во врска со култот Таги и ја постави претпоставката дека употребата на поимот од страна на Индијците на нивниот мајчин јазик ги збунувало Британците во Индија, а исто така постои можност тие да го користеле стравот од таков култ за да го оправдаат нивното колонијално владеење.
Првите сериски убијци кои им го привлекле вниманието на медиумите биле Бурк и Харе. Тие убиле 16 жртви во Единбург, Шкотска помеѓу 1827 и 1828 и ги продадоа нивните трупови на професор по анатомија. Во неговата книга издадена во 1886 „Сексуална психопатија” („Psychopathia Sexualis”) психијатарот Ричард фон Крафт-Ебинг забележал случај на сериски убиец во 1980тите, Французин кој се викал Избиус Пиедањел, кој имал сексуална опсесија со крв и признал дека убил 6 луѓе.
Неидентификуваниот убиец Џек Мевосек убивал проститутки (точниот број на жртви не е познат) во Лондон во 1888. Овие злочини премногу му го привлекоа вниманието на медиумите, бидејќи во тоа време Лондон бил светскиот центар на моќта, па ваквите драматични убиства на сиромашните жени среде такво богатство го насочиле вниманието на медиумите кон бедата на градските сиромашни луѓе и било пренесувано насекаде низ светот. Тој исто така бил нарекуван најпознатиот сериски убиец на сите времиња.
Американскиот сериски убиец д-р Хенри Хауард Холмс бил обесен во Филаделфија во 1896 година, откако признал дека извршил 27 убиства. На Џозеф Вачер му била пресудена смртна казна во Франција во 1898 година, откако признал дека убил и осакатил 11 жени и деца.