Борба со канцерогените пестициди: Дознајте како да го исчистите овошјето и зеленчукот од хемикалии!

popara14 декември, 201418min00
1

Неодамна сите станавме свесни за тоа колку овошјето и зеленчукот можат да бидат контаминирани. Затоа и мора да научиме како да го намалиме нивото на пестициди.

Пестицидите не можат да се измијат само со вода!

Миење на овошјето и зеленчукот со оцет

Многумина користат мешавина од вода и оцет каде се додава три пати повеќе вода од оцет. Ова е сјајно решение за отстранување бактерии. Истражувањата покажале дека оваа смеса може да отстрани дури 98% од бактериите. Оставете овошјето или зеленчукот да отстои 10 до 20 минути во оваа течност, а потоа исплакнете со вода.

Направете домашен чистач за овошје и зеленчук

Течноста ставете ја во шише со распрскувач. Испрскајте го овошјето и зеленчукот и оставете да отстои десетина минути, а потоа само исплакнете.

Некои од возможните мешавини:

1 лажица сок од лимон, 2 лажици сода бикарбона, 1 филџан вода.

1 лажица сок од лимон, 2 лажици јаболков дестилиран оцет, 1 филџан вода.

За производи со висок процент на пестициди пробајте ја оваа формула:

1 филџан вода, пола филџан јаболков оцет, 1 лажица сода бикарбона и неколку капки екстракт од семки на грејпфрут. Во оваа мешавина оставете производот да отстои еден час.

Излупете го овошјето или зеленчукот

Ова често е најдобриот начин да се намали количината на пестицидите, особено кога станува збор за јаболката, кои се најмногу загадени. Пред да ги излупите, добро измијте ги со вода, за да не се пренесуваат хемикалиите понатака.

Отстранете ги надворешните слоеви

Доколку можете, јадете ги само внатрешните слоеви, бидејќи надворешните поради прскање содржат највисока концентрација хемикалии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag