Да бидеш во брак може да се покаже и не толку добра идеја, барем според новите медицнски истражувања, кои докажуваат дека бракот ја зголемува склоноста кон депресија.
Основни симптоми на брачните парови се склоност кон кавги, напнатост и нервоза. Тоа се суштински претпоставки за долгорочен стрес, кој не може да се компензира со позитивните аспекти на бракот, објаснуваат експертите.
Стресот може да ги направи партнерите помалку чувствителни кон позитивните ситуации во животот. Претходните истражувања покажаа дека омажените дами се посреќни и поздрави од сингл девојките. Но 11 годишното проучување од страна на универзитетот во Висконсин стави под знак прашалник десетици истражувања, според кои бракот влијае добро на партнерите.